Search

Ѓоко Поповски пред завршни зборови за спорната набавка на полициски возила

Во кривичниот суд во Скопје денеска треба да бидат искажани завршните зборови за предметот „Триста“, во кој е обвинет Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер за внатрешни работи.

Тој е обвинет за злоупотреба на службената должност за јавна набавка на 300 полициски возила. Првото рочиште почна лани во ноември.

Поповски е обвинет дека го оштетил буџетот за 453 570 евра. Според обвиненито на СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на „Порше Македонија“ ДООЕЛ Скопје, „Ка-Дис“ ДОО Скопје, „Бохемија автомобили роус“ ДООЕЛ Скопје, „Колевски“ ДОО Скопје и „Авто куќа“ ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди, иако немале најевтина понуда.

Треба да знаете
Последни објави