Search

Ѓоковиќ ја почна 339. недела на врвот на АТП-листата

Најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ ја започна 339. недела на првото место на АТП рејтинг-листата. Ѓоковиќ ја зголеми разликата во однос на Роџер Федерер сега има 29 недели повеќе поминати на врвот на АТП листата во споредба со Швајцарецот.

И оваа недела нема поголеми промени во рангирањето на најдобрите десет. Покрај лидерот Ѓоковиќ во „топ 10“ тенисери се: Данил Медведев, Стефанос Цикипас, Александар Зверев, Андреј Рубљев, Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим, Роџер Федерер и Каспер Рад.

Треба да знаете
Последни објави