Search

Ѓоковиќ ја започна 279 недела како најдобар тенисер во светот

На најновата АТП ранг листа, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ останува на првото место, пред Шпанецот Рафаек Надал. Србинот кој неделава настапува на турнир во Дубаи има 9.720 бода, а Шпанецот 9.395.

Ѓоковиќ ја започна 279 недела како лидер на АТП листата и е се поблиску до својот некогаше идол Пит Сампрас кој има поминато на првата позиција 286 недели, што претставува второ најдобро постигнување во историјата на овој спорт. Ѓоковиќ е многу блиску да со стигне и надмине Сампрас, па следна цел ќе му биде атакот кон Роџер Федерер кој има 310 недели поминато на првата позиција во „белиот спорт“.

Нема измени меѓу десетте најдобри тенисери во однос на минатонеделното рангирање. Покрај водечкиот двоец Ѓоковиќ и Надал најдобрата десетка ја сочинуваат уште: Роџер Федерер ( Швајцарија, 7.130 бода), Доминик Тим (Австрија, 7.045 ), Данил Медведев (Русија, 5890), Стефанос Циципас (Грција, 4.745), Александар Зверев (Германија, 3.885), Матео Беретини (Италија, 2.860), Гаел Монфис (Франција, 2860), Давид Гофан (Белгија, 2.555).

Треба да знаете
Последни објави