Search

Ѓоковиќ убедлив против Изнер, Чилиќ загуби од Зверев добиен меч

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ имаше победнички старт на АТП финалето во Лондон за уверлива победа од 2:0 (6:4, 6:3) над Џон Изнер, кој на елитниот турнир влезе по повлекувањето на Рафаел Надал.

Ѓоковиќ и пред турнирот го осигура првото место на АТП листата за 2018 година, комплетирајќи го неверојатниот кам-бек оваа сезона, но ја доби потешката група „Гуга Куертен“ заедно со Изнер, Марин Чилиќ и Александер Зверев.

Иако во првиот сет Изнер имаше дури 10 аса, Ѓоковиќ направи еден брејк за 3:2 водство и без мака поведе со 1:0. Во вториот сет, темпото на Американецот падна и Србинот го искористи тоа со уште еден брејк на 4:3 за да го комплетира мечот и да им прати порака на ривалите во Лондон дека е подогтвен за борба за титулата.
Ова беше деветтата победа на Србинот против Американецот во 11 меѓусебни натпревари.

Германецот Александер Зверев, пак, претходно по тешка борба славеше против Хрватот Чилиќ со 2:0(7:6,7:6) за шеста последователна победи против него.
Младиот Германец не беше во најдобра форма, но благодарение на клучните грешки на Чилиќ, го победува втора година едноподруго во натпреварите по групи во „О2 арената“ во Лондон.

Чилиќ водеше со 5:2 во првиот сет, пред Германецот да се врати за тај-брејк, а исто така имаше и предност од брејк во вториот сет, пред целосно да ја загуби контролата на мечот во одлучувачкиот тај-брејк.

Треба да знаете
Последни објави