Search

Ѓоковиќ: Со нетрпение ги чекам Олимписките игри

Откако потврди дека ќе учествува на летните Олимписки игри во Токио, Новак Ѓоковиќ денеска пред новинарите во Белград говореше за амбициите на настанот во Јапонија ова лето.

„Тоа е најзначаен настан во историјата на спортот. Сите добро знаеме што значат Олимписките игри и за мене е исклучителна чест и привилегија да учествувам како претставник на Србија”, рече Ѓоковиќ.

Единствениот негов олимписки медал досега е бронзен што го освои на Игрите во Пекинг во 2008 година.

– Имав чест и задоволство да бидам знаменосец на церемонијата на отворање на Игрите во Пекинг во 2008 година. За жал, на последните две Олимпијади го пропуштив дефилето на кое сакам да учествувам во Токио, нагласи српскиот тениски ас.

Што се однесува до целите во Токио, тука е кристално јасен.

– На Олимписките игри ќе пристапам како и на секој друг турнир. Само на тој начин ќе имам најголема шанса за медал што, секако, е цел, а од друга страна да ја почувствувам олимписката атмосфера што ја нема на ниту еден друг турнир”, заклучи Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави