Search

Ѓоковиќ со едно од најголемите враќања во историјата на спортот

Новак Ѓоковиќ со фантастични игри во втората половина на сезоната се избори за многу титули и враќање на првото место на АТП листата.

Српскиот тенисер овие успеси и пехари добри ги наплати, па на крајот на оваа кампања е далеку пред сите по заработката од турнирите во 2018 година. Но, почетокот на 2018 година, не ветуваше таков старт на сезоната. Благодарение на враќањето на старата форма, Ноле успеа да дојде до првото место на АТП листата, а со тоа да потврди дека, не случајно е најдобар тенисер.

Според соопштението потпишано од претседателот на Асоцијацијата на тениски професионалци, Крис Кермод, тоа претставува едно од најголемите враќања во историјата на спортот.

– Она што успеа да направи оваа сезона, Новак, претставува едно од најголемите враќања во спортот. Тој го направи незамисливото, беше феноменално како се врати во форма. Без размислување дојде до првото место на листата и треба да е горд што направи такво нешто“ – стои во соопштението на Асоцијацијата на тениските професионалци.

Треба да знаете
Последни објави