Search

Ѓоковиќ со добар сервис брзо го суреди Нишиока

Вториот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ оствари уште една убедлива победа на првиот гренд-слем трунир сезонава Австралија опен, совладувајќи го јапонскиот играч Јошихита Нишиока со 3-0 и се пласира во осминафиналето. Актуелниот бранитет на трофејот и седумкратен победник во Мелбурн, Ѓоковиќ немаше проблеми со јапонскиот тенисер кого го совлада за помалку од час и половина игра со  6-3, 6-2 и 6-2. Тајната на успехот според српскиот тенисер е добриот сервис кој од почетокот на годинава добро го служи.

Новак во осминафиналето ќе игра против Диего Шварцман од Аргентина кој со 3-0 во сетови беше подобар од Лајовиќ.
Чилиќ одигра меч со пет сета во кој излезе како победник, го совлада Баутиста со 3-2.
Треба да знаете
Последни објави