Search

Ѓоковиќ одбраната на титулата на Вимблдон ја започнува против Квон, со Алкараз во четвртфиналето, а со Надал во финалето ако нема изненадувања

Шесткратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ како актуелен шампион на престижниот  тениски гренслем турнир ќе има полесен пат до финалето на неофицијалното светско првенство во однос на првиот конкурент Рафаел Надал.

Дуел на двајцата великани е возможен само во битката за титулата, додека Шпанецот ќе наиде на неколку топ-10 тенисери на патот до битката за трофејот на третиот сезонски гренслем турниер.

Во првото коло Ѓоковиќ ќе излезе на мегдан против Сун вон Квон, во второто коло би играл со подобриот од дуелот меѓу Кокинакис и Мајчак, а третото коло би можело да донесе српска пресметка Ѓоковиќ – Кецмановиќ или Ѓере. Можен противник во осминафиналето на Ѓоковиќ му е Американецот Рејли Опелка, а доколку се помине без изненадување, тогаш во четвртфиналето ги играл со петтиот носител Карлос Алкараз, а во полуфиналето со подобриот од дуелот Хуркач-Руд.

Надал, пак, почнува против Серундоло, па му следуваат Квери, Сонего, Чилиќ, Ожер-Алисим, па евентуално полуфинале со Циципас.

Главниот турнир на Вимблдон започнува на 27 јуни, финалето е предвидено за 10 јули.

Треба да знаете
Последни објави