Search

Ѓоковиќ: Не ми кажувајте каков е патот кон завршницата

Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ не сакаше да знае дали Роџер Федерер ќе се најде на неговиот пат доколку стигне до финалето на УС Опен.

– Сите играчи ги анализираат можните идни свои ривали. Го гледате вашиот дел од распоредот, студирајте кој е таму. Гледате како играат противниците. Вашиот тим започнува да ги следи и проучува сите потенцијални противници. Мислам дека повеќето играчи гледаат подалеку од првото коло. Не ми кажувајте каде отиде Федерер. Ќе ја проучам мрежата кога ќе се доближам до завршницата, изјави Србинот.

Негов ривал во првото коло ќе биде Шпанецот Роберто Карболес-Баена, во евентуално четврфинале потенцијален ривал му е Данил Медведев, додека со Федерер би с есретнал во полуфиналето под условот двајцата тенисери да ги победат своите противници до таа фаза на Гренд слем турнирот.

УС Опен почнува в понеделник и ќе трае до 8 септември.

Треба да знаете
Последни објави