Search

Ѓоковиќ нема загубен сет и во Шангај каде стигна до четвртфиналето

Новак Ѓоковиќ без проблеми со 2-0 во сетови го совлада Џон Иснер и се пласира меѓу осумте најдобри на тенискиот турнир во Шангај. Откако се врати на терениот по рехабилитацијата од повредата на рамото, светскиот тениски рекет број еден, Ѓоковиќ се уште нема загубено сет. Лесно на денешниот меч излезе на крај со Џон Иснер.

Ѓоковиќ мечот го доби со по еден брејк во двата сета, првиот со 7-5, вториот со 6-3.
Во четвртфиналето српскиот тенисер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Хукач и Циципас.
Пласман во четвртфиналето во досегашниот дел изборија и Фоњини, Медведев и Беретини.
Треба да знаете
Последни објави