Search

Ѓоковиќ му одржа час по тенис на Тијафо

Новак Ѓоковиќ го победи Френсис Тијафо со 6:1, 6:3 во својот прв меч на Лејвер купот во Лондон. Ѓоковиќ го совлада Американецот за само еден час игра.

Ова беше прв меч за Новак по освојувањето на Вимблдон на 10. јули, а во поголемиот дел од мечот изгледаше како да е на врвот на својата форма.

Моментално седмиот тенисер на планетата изгледаше совршено на почетокот на дуелот, особено во своите сервис гемови.

Тиафо почна мотивирано и пружи одличен отпор во некои подолги размени, но Новак најчесто излегуваше како победник.

Ѓоковиќ експресно го реши првиот сет, за само 20 минути игра. Импресивно делуваше Ѓоковиќ во првиот сет, на првиот сервис имаше 16/16 и успеа да пати да му го одземе сервисот на Тијафо.

Дека нема намера да попушти Ѓоковиќ покажа и на стартот од вториот сет кога веднаш направи брејк, а птооа лесно го доби својот серви за 2:0. Единствените проблеми во овој меч, Ѓоковиќ ги имаше во третиот гем од вториот сет, кога спаси две топки за брејк.

„Тим Европа“ со победата на Ѓоковиќ сега има предност од 6:4 против „Тим Свет“. Во Лондон сега ќе играат Ѓоковиќ и Беретини прптив Сок и Де Минор.

Треба да знаете
Последни објави