Search

Ѓоковиќ: Можам уште утре да завршам со тенисот и ќе бидам задоволен!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ следната седмица ќе учествува на турнирот во Виена. За него ова ќе биде прво учество на овој турнир по далечната 2007 година кога триумфираше во главниот австриски град.

Овој турнир ќе биде значаен за Ѓоковиќ затоа што ако забележи две победи на него ќе ја потврди првата позиција на АТП листата на крајот од оваа година и со тоа ќе се израмни со Пит Сампрас со шест години како број 1 на АТП ранкингот.

Во моментов Ѓоковиќ има 11 740 бода, а Надал е на 9850 со тоа што српскиот тенисер има можност за максимални 500 бода од Виена, ќе ги има и бодовите од ланската титула во Париз, а ќе има можност и за бодови на завршниот турнир во Лондон.

Ѓоковиќ откри дека негова најголема цел е да го урне рекордот на Роџер Федерер по број на поминати недели на првото место на АТП-листата, потенцирајќи дека ако сака може уште утре да ја заврши кариерата и сето тоа што го направил го прави многу задоволен.

Ѓоковиќ заостанува три гренслем трофеи зад Федерер и Надал во таа „вечна трка“ за кој ќе биде најдобриот тенисер на сите времиња, но српската ѕвезда посочува дека во моментов игра бидејќи чувствува детска енергија за да настапува.

Мојата цел е да бидам историски најдобар по број на поминати недели на прво место на АТП. Е, сега ако тоа на некого му смета? Не знам, ама јас тоа на глас го кажувам. Тоа што имам други амбиции врзани со асоцијацијата на играчи, на пример, мислам дека можам некои работи да ги избалансирам. Јас не сум оптеретен со некое морање дека треба да продолжам да играм професионално. Можам уште утре да завршам со тениската кариера и ќе бидам задоволен. Но, мене играњето ми претставува задоволство. И понатаму ја чувствувам таа детска енергија кога го држам рекетот и сè додека е така ќе продолжам да играм. Кога сум професионално на турот ќе ги имам највисоките амбиции, зашто тие не ми се притисок, туку амбиција“, вели Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави