Search

Ѓоковиќ и во годината на коронавирусот е со најголема заработувачка меѓу тенисерите

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ уште една година заврши како лидер на АТП листата. Тоа го направи по шести пат во својата кариера, со што се израмни со достигнувањето на својот идол Пит Сампрас.

Ѓоковиќ во годината на коронавирусот освои четири титули. Овие победи му донесоа нешто повеќе од шест милиони евра со кои се најде на врвот на листата  меѓу тенисерите со најголема заработувачка во 2020 година.

Зад него со шест милиони евра е Австриецот Доминик Тим, а со големо заостанување на третата позиција е Рафаел Надал со 3,9 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави