Search

Ѓоковиќ заработи 9,1 милиони долари годинава од учества на турнири

Покрај приматот за најуспешен тенисер во светот за 2021 година, Новак Ѓоковиќ е и најдоброплатен во овој спорт во годината која си заминува. Најдобриот тенисер во светот триумфираше на три од четирите Гренд слем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон), а еднаш загуби во финалето и тоа на САД Опен.

Ѓоковиќ во 2021 година од учества на турнири инкасираше вкупно 9,1 милиони долари и е далеку пред неговиот најголем ривал Данил Медведев кој заработи 7,5 милиони долари.

Одлична заработка имаше и победникот на завршниот Мастерс во Торино и олимписки победник, Александер Зверев со 6,4 милиони долари. Вкупно 38 тенисери во светот, во 2021 година успеаа да заработат над еден милион долари.

Треба да знаете
Последни објави