Search

Ѓоковиќ е најголем губитник во Австралија без разлика кој ќе слави во финале!

Австралијан опен в недела ќе го добие новиот шампион, а тоа ќе го реши финалниот меч меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев. Кој и да победи, ќе испише историја, а најголем губитник од првиот гренслем-турнир ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој беше депортиран и не му беше дозволено да ја брани титулата во Мелбурн.

Медведев во полуфиналето славеше против Стефанос Циципас со 3-1 во сетови, додека со ист резултат славеше и Надал во мечот против Беретини, па сега влогот на тенисерите е навистина голем затоа што во случај на победа на Шпанецот, тој ќе стане најтрофеен по број на гренслем-титули (21) и така ќе ги надмине Роџер Федерер и Ѓоковиќ, кои имаат по 20 трофеи.

Медведев, од друга страна, може да ја прекине доминацијата на Србинот на АТП-листата и за првпат да се искачи на првото место со триумф против Надал затоа што така ќе го надмине Ѓоковиќ по број на бодови. Србинот губи 2.000 поени поради отсуството од Мелбурн, па така на најновата ранг-листа ќе има 9.015 бодови, додека Медведев со евентуален триумф во финалето би стигнал до 9.935.

Рускиот тенисер и минатата година играше во финалето во Мелбурн, но тогаш загуби од Ѓоковиќ, па сега на поправен испит ќе го има незгодниот Надал, а се очекува и двајцата тенисери да понудат квалитетен тенис и голема борба за трофејот.

Треба да знаете
Последни објави