Search

Ѓоковиќ го растури Андерсон за финале во Лондон против Зверев

Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ го победи убедливо со 2:0 Јужноафриканецот Кевин Андерсон во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир во Лондон, па во финалето ќе игра против Германецот Александар Зверев.

Србинот славеше доста лесно со 6:2 и 6:2, додека Зверев со 7:5 и 7:6 го победи Роџер Федерер, што беше негова трета победа во шестиот меч против Швајцарецот.

Ѓоковиќ и Зверев по втор пат ќе играат на турнирот во Лондон, откако во натпреварите по групи Србинот славеше со 6:4, 6:1.

Треба да знаете
Последни објави