Search

Шjи и неговата сопруга беа домаќини на Емануел и Брижит Макрон

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан се сретнаа со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон во Шангај.

Двете претседателски двојки го прошетаа паркот „Ју Jуен“, пренесува кинеското радио „Интернешнл“.

„Мојата сопруга и јас го избравме паркот ‘ Ју Јуен’ “да бидеме домаќини на вас и вашата сопруга за да можете да уживате во убавината на кинеските паркови и традиционалната кинеска култура. Различни култури можат да коегзистираат во хармонија. Како претставници на источните и западните цивилизации, Кина и Франција мора да се почитуваат меѓусебно, но и да разменуваат и да учат една од друга“, рече Си по повод.

Макрон рече дека Франција го поздравува и со нетрпение го очекува кинеското отворање, истакнувајќи дека Франција е посветена на зајакнување на меѓународната соработка и градење отворена светска економија заради заеднички интерес.

Треба да знаете
Последни објави