Search

Штрајк на 2.000 вработени во „Амазон“ во Германија

Повеќе од 2.000 работници во седум центри за дистрибуција на „Амазон“ во Германија започнаа штрајк во кој бараат зголемување на платите, објави синдикатот Верди, најавувајќи дека штрајкот ќе трае најмалку два дена.

Штрајкот, под мотото „Нема повеќе попусти на нашата заработка”, започна во ноќта помеѓу неделата и понеделникот и се совпадна со „Прајм деј” на Амазон, кога овој американски онлајн гигант за малопродажба им нуди попусти на своите претплатници на програмата „Прајм“, објави „Ројтерс“.

Во „Амазон“ не го наведоа точниот број на вработени кои се во штрајк, но беше кажано дека тој немал влијание врз испораката на клиентите.

Треба да знаете
Последни објави