Search

Штрајк на лекари и стоматолози во БиХ

Во организација на Синдикатот на доктори по медицина и стоматологија на босанскиот Унско-санскиот кантон (УСК) утрово започна генерален штрајк на лекарите и стоматолозите, поради непочитување на Колективниот договор, односно отсуството на второ зголемување на платата што беше договорено за ноември минатата година.

Синдикатот истакна дека овој пат се поминати сите граници на трпеливост и флексибилност и оти нема да се откажат од своите барања.

Министерката за здравство, труд и социјална политика на УСК, Нермина Чемаловиќ истакна дека кантоналната Влада планирала одредени финансиски средства за помош, но до усвојување на Буџетот не може ништо конкретно да се стори.

Докторите по медицина и стоматологија на подрачјето на Унско-санскиот кантон потврдија дека штрајкот се одвива според Законот за штрајк и дека се почитуваат одредбите од Договорот за минимални работни часови за време на генералниот штрајк. На пациентите на кои им е загрозен животот, веднаш им се дава потребната медицинска помош, додека во моментот не се третираат т.н. „студени случаи

Треба да знаете
Последни објави