Search

Штрајкот прекинат, „металурзите“ утре се враќаат во сала

Ракометарите на Металург од утре ќе се вратат во сала и ќе почнат со тренинзи прекинувајќи го штрајкот што го стартуваа пред неколку дена, барајќи ги неисплатените плати што им се должат од почетокот на оваа сезона. „Металурзите“ се уште не ги добиле парите, но во разговор со управата на клубот е најден заеднички јазик, па ракометарите се согласиле да почекаат уште кратко време за да ги наплатат побарувањата.

Она што е најважно, ќе биде избегнато „црното сценарио“ што му се закануваше на Металург доколку целокупниот тим одбиеше да излезе на терен на преостанатите натпревари од оваа полусезона. Останува да се види дали ќе биде најдено конкретно решение за оваа криза да не се повтори, финансиските проблеми конечно да бидат надминати и поранешниот првак да почне да чекори по победнички патеки.

Тренерот Иван Марковски и ракометарите од утре ќе почнат со тренинзи, со мини-подготовки за саботното гостување против скопскиот ривал Пролет, од кого Металург загуби и на стартотодоваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави