Search

Штрајкот во Франција го нарушува производството на електрична енергија

Ширум Франција денеска дојде до прекини на електричната енергија поради штрајкот на работниците кои се приклучија на протестот против плановите на владата за реформа на францускиот пензиски систем.

Производството на електрична енергија утрово падна речиси седум гигавати (GW), покажуваат податоците на француската електроенергетска компанија ЕДФ .

Французите започнаа протести против пензиската реформа на 5 декември минатата година.
Претседателот Емануел Макрон рече дека пензискиот систем треба да се поедностави, додека противниците велат дека промените ќе ги принудат луѓето да работат подолго.

Треба да знаете
Последни објави