Search

Штрахе сака да ја докаже својата „невиност“

Поранешниот австриски заменик и поранешен лидер на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) Хајнц Кристијан Штрахе објави дека сака да ја докаже својата невиност во врска со таканаречената афера „Ибица“.

Штрахе беше принуден да поднесе оставка на сите политички функции во саботата, откако германските медиуми објавија видеоснимка на која се гледа како наводна внука на руски милијардер нуди државни работи во замена за финансиска поддршка на неговата партија.

„Ние ќе ги најдеме сите што стојат зад криминалните видеа и валканите кампањи од странство против мојата личност и ќе ја докажам мојата невиност. Јас ќе се борам за тоа”, рече Штрахе преку „Фејсбук“.

Оваа афера не само што имаше негативно влијание врз неговиот политички живот, туку и врз бракот.

Виенскиот дневник „Кронен цајтунг” тврди дека неговата сопруга, Филипа, со нивното заедничко дете се преселила кај своите родители.

Таа, во изјавата за медиумите, рече дека е шокирана и сака прво сè да анализира, како и да се посвети на синот.

На прес-конференцијата, на која ја објави оставката, тој посебно се обрати кон својата сопруга, барајќи прошка што се однесувал како тинејџер кон Русинката и што се обидувал да ја импресионира.

Треба да знаете
Последни објави