Search

Што треба да јадат веганите за да останат здрави?

Британска нутриционистка  откри неколку правила според кои треба да се придружуваат оние кои сакаат да станат вегани за да го одржат имунитетот и да бидат здрави.

 

Таа објаснува кои билки се клучни во исхраната и кои витамини треба редовно да се внесуваат, за организмот да не ослаби.

„Разновидната храна е многу важна за добивање здрави цревни микроби за кои знаеме дека се поврзани со многу фактори од општото здравје, како управувањето со телесната тежина, спиењето и имунитетот. Оние кои се на веганска исхрана треба во секојдневната исхрана да јадат зеленчук, овошје, грав, мешунки, јаткасти плодови и семиња“, вели таа.

Секој вегански оброк треба да содржи грашок, брокула, карфиол, домат, печурки, пиперки, спанаќ, зачини, тиквички и слично.

„Оброците треба да содржат извори на протеини како киноа, леќа, јаткасти плодови, компир, кафеав ориз, кус-кус и слично. Овие состојки се битен извор на маснотии и помагаат во апсорбирање на хранливите материи, инсулинот, продукција на хормони и регулирање на воспаленија. Храната како семиња, маслиново масло и авокадо се одличен избор за веганите“, истакнува таа.

Кога станува збор за витамините и минералите, калциумот е есенцијален за здрави коски, а го има во зелениот лиснат зеленчук и морската храна, компирот и сувите сливи. Веганите често имаат и проблеми со недостатокот на витамин Д и затоа треба да користат суплементи со овој витамин.

Треба да знаете
Последни објави