Search

Што сè луѓето заклучуваат за вас во првите неколку секунди?

Често луѓето создаваат мислење за некого по стекнување на првиот впечаток, што може да биде и погрешно.  Без разлика дали е позитивно или негативно мислењето, на него влијаат најразлични фактори, а ние немаме влијание на сите нив.

Но, можеме барем некои да ги промениме во наша корист. На првиот впечаток можат да влијаат нашиот мирис, облик на лице и други визуелни карактеристики. И говорот на телото игра улога во тоа што луѓето ќе помислат за нас кога ќе нè запознаат.

Еве што се прашуваат луѓето кога ќе ве видат:

1. Колку сте имотни

Едно холандско истражување потврди дека брендот на облеката што ја носиме влијае на заклучокот за финансиската состојба на некоја личност. Брендираната облека прикажува поголем статус, но не влијае на ниту еден друг параметар во текот на запознавањето.

2. Дали би се забавувале со вас

Во светот на онлајн запознавањето фотографијата е најважна, а текстот под неа има далеку помалку важност на тоа дали некој ќе ве контактира. Луѓето бараат отвореност кон нови искуства, емотивна стабилност и екстравертност.

3. Дали сте промискуитетни

Британско истражување откри дека жените кои имаат видливи тетоважи оставаат впечаток сличен на оној што обично го оставаат мажите, а тоа е дека се заинтересирани за алкохол, спорт, брзи автомобили и секс. Оттаму доаѓа стереотипот дека тетовираните жени се далеку промискуитетни.

4. Дали сте паметни

На ова најмногу влијае тоа дали и колку некого го гледате во очи во текот на разговор, што се поврзува со коефициентот на интелигенција без разлика колку долго познавате некого. Покрај тоа, за паметни се сметаат оние луѓе кои носат очила и говорат експресивно.

Треба да знаете
Последни објави