Search

Што се случува со Селин Дион – пејачката на раб на анорексија

Пејачката Селин Дион (50) не престанува да привлекува внимание откако минатата недела на Париската модна недела се појави со 16 години помладиот танчер и илустратор Пепе Муњоз (34).

Канаѓанката ги изненади сите со нејзиниот изглед. Таа е значително ослабена, но и со невообичаени модни комбинации за нејзиниот стил. Низ Париз се прошета во футуристички комбинезон, со очила и шешир.

Длабокото деколте ја нагласи нејзината тенка линија, а голем број од нејзините фанови се загрижија за нејзиниот изглед.Иако и Селин и Пепе на почетокот ги негираа шпекулациите за нивната љубовна врска, сепак на последното нивно појавување во јавност покажаа дека се повеќе од пријатели, бидејќи постојано се држеа за рака. Многумина коментираат дека пејачката сега ја проживува „втората младост“.

Селин во 2016 година се соочи со губењето на својот 26 години постар сопруг Рене Анжели, со кој беше заедно 22 години. Рене почина во својот дом во Лас Вегас по долга битка со рак.

Селин и Рене се запознаа кога таа имаше 12 години, а тој беше успешен 38-годишен музички менаџер. Врската им започна 10 години подоцна, а се венчаа во 1994 година. Со Рене, Селин има три синови, Рене-Чарлс (18) и близнаците Нелсон и Еди (8).

Треба да знаете
Последни објави