Search

Што одредува дали повеќе сакате чај или кафе?

Научници откриле кој фактор одредува дали повеќе сакате да пиете чај или кафе, а виновник за тоа, верувале или не, е генетиката.

Резултатите од истражувањето се објавени во еден медиум.  Научниците испитувале дали перцепцијата на горчливо влијае на тоа некој да преферира чај повеќе од кафе. Според тоа, луѓето со најголема осетливост на горчина сакаат кафе, но интересно е што не го пијат најмногу.

„Тоа укажува дека потрошувачите на кафе развиваат вкус или способност за откривање на кофеин“, вели професорка  од Универзитетот во Бризбејн.

Главниот заклучок на научник  е дека генетиката повеќе влијае на перцепцијата на горчина, отколку на благо. На перцепцијата на вкус влијае и однесувањето бидејќи иако луѓето природно не сакаат горчлив вкус, можат да научат да ценат горчлива храна.

Истражувањето е направено врз основа на генетски податоци на 430.000 Британци кои учествувале во студијата, не може да се генерализира и на други земји и култури, велат научниците.

Треба да знаете
Последни објави