Search

Што мисли Бредли Купер за романсата на Ирина Шајк и Канje Вест: „Тој се надева дека набрзо…“

Веста дека руската манекенка е во врска со американскиот рапер ја изненади јавноста, но веројатно никој не бил толку многу изненаден колку поранешниот вереник и татко на нејзината ќерка – Бредли Купер.

Канје Вест (44) и Ирина Шајк (35) дефинитивно се во љубовна врска, а тоа веќе не е тајна.

Парот бил „уловен“ на романтичен одмор во Прованс каде што отпатувале за заедно да го прослават роденденот на раперот, а потоа се вратиле во Америка.

Додека сè уште се шпекулираше за тоа дека раперот и манекенката се заедно, американските медиуми ја пренесоа веста за тоа што мисли за Канје и Ирина  неговата сè уште законска сопруга Ким Кардашијан.

Сепак, како што пренесува магазинот „In Touch“, Бредли не е воодушевен од оваа информација.

„Прашање на момент е како сето тоа ќе се одрази на животот на нивната ќерка Леа. Бредли е многу заштитнички поставен кога станува збор за неговата ќерка“, изјавил близок извор до холивудскиот актер.

Поради тоа, како што тврди неименуваниот извор „се надева дека оваа врска брзо ќе пропадне“.

Бредли и Ирина Шајк во месец јуни 2019 година ја раскинаа четиригодишната врска и веридба и го делат старателството над девојчето со кое често го поминуваат времето заедно.

Пред само неколку денови, веселото семејство било видено како шета по њујоршкиот парк, а медиумите пренесоа дека насмевката на Бредли кажува нешто повеќе.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави