Search

Што крие Филипче? Си игра ли Филипче математика со бројките? Филипче станува збор за луѓе и нивни судбини

Измина денот, скоро полноќ вообичаената статистика од министерството за здравство ја нема.

Што крие Филипче? Што прави Филипче, мести бројки, си игра математика?!

Филипче тоа не се бројки, тоа се нечии браќа, сестри, мајки, татковци, роднини…

Зошто не се објавуваат бројките на новозаболени во последното деноноќие, бројот на оздравени и бројот на починати?

Филипче само продолжува со својата подмолна политика, со лаги, грижа за сопствени интереси.

Филипче бранејќи ги погубните политики на премиерот во заминување Заев како продажба на се што е македонско ја заборави својата примарна задача, својата примарна работа за која зема пари од граѓаните, да се грижи за здравјето на граѓаните.

Филипче несоопштувајќи ги бројките, криејќи ги не може да ја сокрие својата и неспособноста на Заев. Филипче и Заев не ги пере ништо!

Филипче заедно со Заев ги оставија граѓаните сами на себе, не обезбедија возила за итна медицинска помош, не обезбедија болнички кревети, не обезбедија соодветна терапија, нема ни кислород за пациентите.

Благодарение на Филипче, Македонија на светската листа е на високо 7 место по број на починати на милион жители.

Благодарение на Филипче, Македонија на европската листа е во топ 5 земји по починати на милон жители.

За сето ова одговорност мора да има!

Треба да знаете
Последни објави