Search

Што држи Путин во раката? Детаљ на дланката на рускиот претседател предизвикал хаос на социјалните мрежи!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, Божиќ го дочекал на литургија во црквата Преображение во Санкт Петербург.

Рускиот претседател во храмот бил опкружен со млади девојки, но еден ситен детаљ станал главна тема на социјалните мрежи.

Имено, Путин во неколку наврати се фаќал за палецот а левата рака, па во еден момент камерата ја зумирала раката на рускиот претседател, на која се гледала мала бела лента, која најверојатно била фластер.

Различни теории и коментари следеле откако се објавило на социјална мрежа.

Некои од коментарите биле сериозни, констатирајќи дека тоа е најверојатно фластер на плускавец од хокеј, бидејќи претседателот неодамна играл, додека други пак се обиделе да бидат духовити со коментари, па напишале дека сигурно чистел снег. А имало и корисници кои напишале дека тоа е всушност „црвеното“ копче за активирање на нуклеарните ракети и дека Путин сигурно го земал со себе, иако му било лош избор, бидејќи веќе сите го откриле.

Треба да знаете
Последни објави