Search

Што договарал Костадин Костадинов на средбите што ги имал со Боки 13?

Што договарал Костадин Костадинов на средбите што ги имал со Боки 13, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на портпаролот на СДСМ, кој рече дека Груевски пак зборел преку Мицкоски за да го одбрани криминалот на режимот.

Дали разговарале за рекет и колкав бил рекетот што се изнудувал од бизнисмените? Дали за рекетот бил информиран неговиот шеф Зоран Заев и колкав процент се двоел? Мора да одговараат и Костадин Костадинов и Зоран Заев и сите кои му обезбедуваат грб и му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува пари цел изминат период. Мора да одговараат сите криминалци од СДСМ кои ги злоупотребуваа институциите за лично богатење. Костадин Костадинов и неговиот шеф аболицираниот криминалец Зоран Заев веќе немаат кредибилитет да говорат за правда. Костадин Костадинов и неговиот шеф аболицираниот криминалец Зоран Заев мора да одговараат пред законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави