Search

Штипјанец по втор пат заболен од ковид 19

Штипјанец по втор пат заболен од ковид 19. Штипјанецот еднаш заболел, оздравел и повторно бил инфициран и во моментов се наоѓа на болничко лекување, информираше денеска директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓијев.На инфективното одделение во моментов се лекуваат 35 пациенти заболени одковид 19, 11 се сомнителни  случаи. Најмногу пациенти има  од Штип, но има и од Кочани, Виница, Пробиштип , Берови и од други места.

Епидемилолзите се уште утврдуваат дали штипјанецот повторно бил заразен од вирусот или се работи за продолжена инфекција. Вкупно на Инфективно се лекуваат 45 пациенти од кои 34 се со потврден коронавирус, останатите се сомнителни со симптоми. Најголем дел се од Штип иако има и од останатите градови од Истокот каде има случаи на Ковид 19.

 

Треба да знаете
Последни објави