Search

Штипјанец погоден од заскитан куршум на нива, арачиновец на улица

На 12.09.2020 околу 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Карбинци, штипско, додека Д.С.(50) работел во нива, бил повреден во пределот на десната натколеница од залутан куршум, по што бил пренесен во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2020 во 23.18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив бил донесен Е.Ф.(25) од с.Арачиново со прострелна рана во долните екстремитети.

Според пријавеното, тој додека се движел на ул.„11″ во с. Арачиново, почувствувал болка во долните екстремитети, најверојатно од заскитан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави