Search

Штипјанец во заложништво држел жена и нејзините две малолетни деца

Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење  основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.

-Во временскот период од 11 април  до 22 април  пријавениот противправно ја држел оштетената Е.М. заедно со нејзините две малолетни деца во стан на улицата „Борис Крајгер” и во куќа на улица „Широк дол” во Штипкаде во повеќе наврати физички ја нападнала извршил и обљуба над оштетенатаНа 22 април околу 13.30 часот на ул Широк Дол” во Штиппри вршење службени работи лишување од слобода на пријавениот, тој физички нападнал полициски службеник од Полициската станица Штип, вели  Панајотова.

Таа додава дека СВР-Штип до Основното јавно обвинителство има поднесено кривична пријава против А.М од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода“, „силување” „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста“.

Треба да знаете
Последни објави