Search

Штипски малолетник со нож пробол тинејџер

На 01.06.2020 околу 19.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска” во Штип, по вербална расправија, 17-годишник од Штип со нож му нанел повреди на Н.А.(19) од Штип.

Н.А. бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош. Малолетникот бил приведен и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави