Search

Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте конфекции, кои од денеска треба да се затворени. Директорката на  Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова  вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.

-На помош денеска ни пристигнаа и двајца лаборанти од Ценатрот за јавно здравје-Кочани. Сметаме дека во кадровскиот дел сме екипирани и со оваа помош ќе го извршиме тестирањето на текстилните работници, вели Димитрова.

На терен  се две екипи, кои ги земаат брисевите од домовите на лицата кои се опфатени од масовното тестирање и еден тим работи во пунктот, кој зема брисеви по упат од матичните лекари. Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции ќе го заврашат до 6 јуни.

Треба да знаете
Последни објави