Search

Штетата на Триумфалната порта во Париз проценета на околу еден милион евра

Демонстрантите од движењето „Жолти елеци” во Париз во саботата нанесоа огромна штета на Триумфалната порта, која се проценува на стотици илјади, можеби дури и еден милион евра, изјави претседателот на францускиот Центар за национални споменици, Филип Белавал.

Покрај тоа што демонстрантите, познатиот споменик и националниот симбол на Франција го испишаа со графити, тие исто така како што соопштија властите ја уништиле и неговата внатрешност.

Движењето на така наречените „Жолти елеци“ започна со протести во Франција пред околу две недели. Протестите беа предизвикани како резултат на покачувањето на цените на горивото. Тие минатата недела ескалираа, при што имаше голем број повредени и приведени.

Градоначалникот на Париз изминатите неколку дена ги откажа неговите работи посети надвор од градот и се сретна со демонстрантите. Нова средба со демонстрантите побара и францускиот претседател Емануел Макрон.

Протестите на „Жолтите елеци“ од Франција се проширија и во Белгија и Холандија.

Треба да знаете
Последни објави