Search

Штербик сепак на крајот од сезоната оди во „пензија“

Српскиот ракометен интернационалец со шпански пасош, голманот Арпад Штербик призна дека на крајот од сезоната заминува во пензија. Ваквата најава што унгарските медиуми ја пласираа на стартот од првенството дека 40-годишниот Штербик ќе го брани голот уште оваа сезона, чуварот на мрежата на Веспрем ја демантираше, а сега истата информација ја потврдува.

-Две прекрасни деца и сопруга ме чекаат дома. Зошто би бил тажен? Би сакал и навивачите да не бидат тажни, бидејќи не заминувам далеку. Ако треба, секогаш ќе бидам подготвен да застанам на голот, изјавил Штербик за унгарските медиуми.

Во Веспрем пристигнува шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата Родриго Коралес од ПСЖ, кој заедно со Владимир Цупара и Марон Секељ ќе бидат триото голмани.

Штербик ја почна кариерата во Југовиќ од Каќ, а беше дел од шпанските Сиудад Реал и Барселона, унгарскиот Веспрем, како и во македонскиот Вардар, со кој ја освоија и титулата во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави