Search

Штабот на Тривиќ почна да слави победа над Додик за претседател на РС

Неизвесна и долга изборна ноќ е пред кандидатите за претседател на Република Српска. Според изборните штабови на Милорад Додик од СНСД и Јелена Тривиќ кандидат на ПДП и СДС и двајцата очекуваат победа во трката за претседател на РС.

Според Игор Црнадак, потпретседател на ПДП, нивната кандидатка Јелена Тривиќ ќе биде новиот претседател на РС. Во нивниот изборен штаб веќе одекнува песна, бидејќи според резултатите  со кои располага изборниот штаб на ПДП, Тривиќ убедливо води  во Бања Лука, а според резултатите од 40 одсто преброени гласови има предност пред Додик од 13-14.000 гласови.

Истовремено и од СНСД на Додик излегуваат со информации дека од 51 одсто преброени избирачки места нивниот кандидат има 54 одсто освоени гласови, а Тривиќ 45.

Многу појасен е епилогот во трката за српски претставник во Претседателството на БиХ. Тука претставникот на СНСД, Жељка Цвијановиќ освоила 270.000 гласови од преброени 81 одсто од избирачките места, додека опозицискиот кандидат на СДС и ПДП, Мирко Шаровиќ освоил 180.000 гласови. Со оглед дека разликата е многу голема, Шаровиќ лидерот на СДС кој беше кандидат на опозицијата за српски член во Претседателството на БиХ веќе го признал поразот.

 

Треба да знаете
Последни објави