Search

Шпаркасе ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

На 4 ноември беше извршена промената на сопственоста на Охридска банка АД Скопје, со што Штаермеркише банка и Шпаркасен АГ за 48 милиони евра и официјално станаа новите сопственици на банката. Со стекнување на 91,57 отстоод акциите, Штаермеркише Шпаркасе стана не само најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија, туку и четврта најголема банкарска групација во Македонија со пазарно учество од околу 14 отсто.

Оваа трансакција исто така претставува и најголема бизнис инвестиција во регионот оваа година. Двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата, нудејќи им производи и услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте групацијата.

Штаермеркише Шпаркасе во Македонија е присутна од 2008 година преку својата локална подружница Шпаркасе банка Македонија, која во моментот има актива од околу 350 милиони евра. Со приклучувањето на Охридска банка во Штаермеркише Шпаркасе, вкупната актива на банката на македонскиот пазар ќе биде повеќе од 1 милијарда евра.

Треба да знаете
Последни објави