Search

Шпанците откриваат која фудбалска лига е најкорумпирана во Европа

Шпанските медиуми објавуваат дека Кипарската фудбалска лига е најкорумпираната во Европа.

Ваквите заклучоци новинарите од Шпанија ги базираат ма изјави од доверливи извори кои ги имаат на Островот. Во кипарските екипи настапуваат повеќемина шпански фудбалери па се претпоставува дека токму играчите се изворот на кој се повикуваат медиумите од нивната земја. Во сториите за ваквата констатација се споменува името на Хорхе Лорен, кој до минатат сезона играше за АЕК Ларнака.

Според медиумите токму натпреварите од фудбалското првенство во Кипар биле извор на лесната заработка за обложувачката мафија од Шпанија.

-Тоа е ниво што оди подалеку од спортот, до највисоките врвови на општеството, е констатацијата на новинарот Хозе Марија Олмо, кој работел во истражувањето на ваквата појава.

Новинарот на истрагата и посветил четири месеци за да дојде до заклучоците кои ги пласира во јавноста. Според шпанскиот новинар Олмо, корупцијата во фудбалското првенство на Кипар е толку голема што според него уште пред почетокот на првенството се знае кој ќе биде шампион, освојувач на Купот како и кои тимови ќе играат во Европа.

Треба да знаете
Последни објави