Search

Шпански медиум: Модриќ потпишува „доживотен договор“

Лука Модриќ одлучи каде ќе ја продолжи, или поточно каде ќе ја заврши кариерата.

 

Најчитаниот шпански весник што има седум дописници за Реал Мадрид, објави дека сѐ е договорено меѓу хрватскиот фудбалер и „кралскиот клуб“.

Плејмејкерот на европскиот и светски првак ќе го продолжи договорот што му важи до летото следната година, до крајот на јуни, 2021 година.

Со оглед на тоа дека по истекувањето на тој договор Модриќ ќе има 36 години, тоа значи дека ќе ја заврши кариерата во Реал, девет години откако таму го донесе Жозе Мурињо.

Модриќ поради обврските со хрватската репрезентација на Светското првенство доби продолжен одмор, а на екипата се приклучи подоцна бидејќи се обидуваше да издејствува трансфер во Интер.

Поради тоа не ги помина подготовките, а бидејќи беше психофизички исцрпен од возбудата од Мундијалот во Русија и околу трансферот, не беше ни психички присутен и посветен од почетокот на сезоната.

Реал без Роналдо и со непрепознатливо лошиот Модриќ имаше најлош влез во сезоната во изминативе неколку децении.

Но, кон крајот на минатата година во која ги собра сите индивидуални награди и како круна ја освои и Златната топка, Модриќ почна да се враќа во старата форма, што веднаш се одрази и во играта на Реал.

Модриќ на последниот натпревар на Реал покажа колку значи за екипата и кога го нема во игра. Без оној кој ја создава играта и ѝ дава ритам, Реал „го снема“ од теренот и против Жирона која се бори за опстанок изгуби со 1:2 на свој терен.

Треба да знаете
Последни објави