Search

Шпански медиум: Зидан го сака мозокот на Јувентус во Реал

Шпанскиот весник,објави листа со потенцијалните засилувања на Реал Мадрид и меѓу фаворитите на штотуку вратениот Зинедин Зидан го вброи и плејмејкерот на Јувентус Миралем Пјаниќ, еден од најважните играчи на Масимилијано Алегри.

 

На истата листа играчи кои конкурираат за позицијата играч за врска во „кралскиот клуб“ се и Тијаго Алкантара и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Италијански  медиум тврди дека интересот на Зидан за Пјаниќ е сериозен и дека Французинот е убеден во квалитетите на репрезентативецот на БиХ.

Меѓутоа, Јувентус постави висока цена од 80 милиони евра и уште не е познато дали Зидан е подготвен да оди толку далеку.

За 28-годишниот Пјаниќ тоа би било трансфер на кариерата, иако во првакот на Италија е клучен фактор во организација на играта.

Во „старата дама“ игра веќе трета сезона и на пат е да ја освои третата титула првак на Италија. Во 135 натпревари за Јувентус постигнал 19 голови.

Треба да знаете
Последни објави