Search

Шпански ловец се приближил до авионот на рускиот министер за одбрана

Ловецот Ф-18 кој се обидел да се приближи до авионот на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, над неутрални води во Балтичкото Море, припаѓа на воената авијација на Шпанија, објави порталот Еј-би-си.

Авионот е дел од мисијата на НАТО за патролирање во балтичкиот воздушен простор, додава порталот.

Мадрид во балтичките држави распореди вкупно пет ловци Ф-18, заедно со 140 членови на екипажот и други воени службеници.

Шпанскиот контингент е стациониран на територијата на Литванија и ќе остане на Балтикот до крајот на август. Мисијата на НАТО во овој регион во моментов ја извршуваат шпански, британски и унгарски воздушни сили.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот се случил кога авионот на министерот придружуван од два борбени авиона Су-27 од Балтичката флота на Русија од Калининград летал кон Москва.

Руските борбени пилоти го протерале авионот на НАТО, спречувајќи го да се приближи до авионот на министерот.

Треба да знаете
Последни објави