Search

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во странство

Наредното издание на фудбалскиот Суперуп на Шпанија, ќе има нов формат и ќе се игра во странство, соопштил претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Луис Рубијалес.

„Наредниот Суперкуп ќе се игра надвор од Шпанија во форматот на фајнал фор“, рекол во вторникот Рубијалес. Првиот човек на шпанскиот фудбале не открил каде би се одржал завршниот турнир.

Рубијалес на чело на Сојузот дојде во мај 2018 година. Тој ја донесе одлуката во Суперкупот да се игра еден натпревар. Во тоа финале лани Барселона ја победи Севилја 2:1.

Инаку Рубијалес е голем притивник на идејата натпревари во рамките на првенството да се играат во странство.

Треба да знаете
Последни објави