Search

Шпанскиот суд одново активираше потерници за тројца каталонски лидери

Врховниот суд на Шпанија одново активираше европски налог за апсење на тројца каталонски лидери кои ја напуштија земјата по учеството во обидот за прогласување на независност на Каталонија во 2017 година, изјави адвокатот на обвинетите, Гонзало Бој.

Тој рече дека добил вербална потврда од белгиските и шкотските власти во врска со потерниците за Луис Пуиг, Тони Комин и Клара Понсати, кои моментно живеат во егзил во Белгија и Шкотска, пренесува „Ројтерс“.

Шпанското обвинителство ги повика Комин и Понсати да се соочат со обвиненијата за бунт и злоупотреба на јавни средства.

Пуиг наводно е обвинет за непослушност и злоупотреба на јавни средства, но не и за бунт.

 

Треба да знаете
Последни објави