Search

Шпанскиот премиер распиша предвремени избори

Шпанскиот премиер Педро Санчез распиша предвремени избори, кои ќе се одржат на 28 април. Веста за прогласувањето на изборите ја потврдила министерката во Владата, Марија Хесус Монтеро, пренесуваат шпанските медиуми.

Монтеро во средата во парламентот го бранеше предложениот буџет за оваа година, но безуспешно. Буџетот предложен од социјалистичката Влада беше одбиен.

Малцинската Влада на Санчез, која има 84 од 350 пратеници, неофицијално соопшти во понеделникот, дека ако падне нејзиниот буџет, премиерот ќе распише предвремени избори на 14 или 28 април.

Буџетот го одбија каталонските партии ЕРЦ и ПДеКАТ, кои поддршката ја условија со дијалог со Владата за самоопределување на Каталонија и престанување на репресијата против каталонските функционери обвинети за бунт против Шпанија. Малите партии во јуни гласаа во корист на Санчез за време на гласањето недоверба на тогашната конзервативна Влада, со што тој како лидер на опозицијата, стана премиер на чело на малцинска Влада.

Треба да знаете
Последни објави