Search

Шпанскиот парламент отпочна итна постапка за ратификација на Протоколот за членство на С. Македонија во НАТО

Комитетот за надворешни работи, на предлог на Бирото (претседателство) на шпанскиот Конгрес, ја прифати иницијативата за отпочнување итна процедура за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави „360Степени“.

Според актите што се објавени на официјалната веб-страница на Конгресот, Бирото ја донело оваа одлука вчера, со барање до Комисијата ургентно да го авторизира овој меѓународен договор.

Во документ потпишан од генералниот секретар на Конгресот се назначува дека постапката треба да биде итна, а актот по добиеното позитивно мислење треба да биде објавен во Службениот весник на Конгресот.  Рокот за поднесување предлози или амандмани на текстот на документот трае до утре.

Треба да знаете
Последни објави