Search

Шпанска даночничка украла 6,2 милиони евра од сметките на 38 спортисти

Вработена на висока позиција во даночната управа на Шпанија и уште три лица успеале да ги земат податоците на 38 врвни спортисти и од нивните сметки да украдат 6,2 милиони евра.

Осомничените преку лажиран поврат на ДДВ  незаконски присвоиле 6,2 милиони евра. Меѓу ограбените се натурализираниот хрватски кошаркар Донтаје Дрејпер, босанскиот фудбалер Емир Спахиќ и словенечкиот кошаркар , Мирза Бегиќ.

Најмногу е оштетен турскиот интернациоанлен фудбалер Нури Шахин , од кого се украдени 1.212.158 евра за периодот додека играл во Реал Мадрид.

Леонор Санчез-Кабаљеро е обвинета дека во соработка со тројца мажи , од кои двајцата адвокати, ги искористила доверливите податоци врз основа на кои тие фалсификувале документи, потписи на спортистите и налози за испалта во периодот од февруари 2015 до ноември 2016 година.

Барањето за поврат на данок било испратено преку две компании , на кои даночната служба им ги исплатила парите. И тие се обвинети за соучесништво во измамата.

Обвинетите се соочуваат со затворска казна од девет до 11 години.

Треба да знаете
Последни објави