Search

Шпанската полиција пронашла мумифициран фетус во тоалет на авион

Шпанската полиција на 3. јули пронашла мумифициран фетус скриен во тоалет на авион кој на аеродром во Мадрид слетал од Куба, јави „Ел Мундо“.

Фетусот бил пронајден за време на рутинска полициска проверка, завиткан во ткаенина и ставен во контејнер кој обично содржи тоалетна хатрија.

Со оглед на состојбата во која бил пронајден, не било можно да се утврди дали станува збор за човечки фетус или пак се работи за некој друг примат. Бизарниот пронајдок бил испратен на форензичко тестирање на институтот Армадо.

Во меѓувреме, полицијата спровела испрашување на авионскиот екипаж кој тврди дека не знае како фетусот завршил во авионот, а ќе биде направен разговор и со патниците кои патувале на тој лет.

Полицијата не го објави името на авиокомпанијата во чиј авион бил пронајден фетусот.

Треба да знаете
Последни објави