Search

Шпанската Ла Лига продолжува на 11 јуни

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас изјави дека сака првенството да продолжи на 11 јуни и прв натпревар да биде големот градско дерби помеѓу Севилја и Бетис.Премиерот на Шпанија објави дека фудбалот може да се врати во земјата по 8 јуни, па фудбалските власти веќе забрзано ги почнаа плановите за продлжување сезоната која повеќе од два месеци е прекината поради пандемијата со коронавирусот.

-Сигурно е дека првенството ќе продолжи тој викенд.Треба добро да ги разгледаме деновите од таа недела за да видиме точно кој ден ќе почнеме со игра. Исто така треба да биде поврзано со фазите на тренинг. Јасно е дека ќе биде таа недела, можеби ќе почнеме во четврток 11 јуни со еден натпревар. Ние би сакале тоа да биде големото дерби помеѓу Севилја и Бетис, изјави Тебас.

Треба да знаете
Последни објави